Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка

Одбојкарските федерации на Србија и Црна Гора денеска во Подгорица ја објавија својата заедничка кандидатура за организација на машкото Европско првенство во одбојка во 2028 година заедно со Хрватска и Унгарија.
Како што соопшти Одбојкарската федерација на Србија, заедничката кандидатура ја објавија црногорскиот министер за спорт и млади Драгослав Шќекиќ и министерот за спорт на Србија, Зоран Гајиќ, во присуство на претседателот на Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) Роко Сикириќ.
„По разговорите меѓу министрите Шќекиќ и Гајиќ, објавена е кандидатурата на Црна Гора и Србија, заедно со Хрватска и Унгарија за организација на Европското првенство во 2028 година во конкуренција на одбојкари“, се вели во соопштението.
Европското првенство во 2026 година, 34. по ред, заеднички ќе го организираат Бугарија, Финска, Романија и Италија.
Ново на Сител
-

Граѓанскиот суд повторно го забрани штрајкот на Синдикатот на контролори на летање
-

Војната сериозно го загрозува снабдувањето со вештачки ѓубрива
-

Перински: Инвестиции и поголема финансиска независност на општините
-

Преглед на вестите од светот
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
