Симон Бајлс стана најтрофејна гимнастичарка во историјата

Американските гимнастичарики предводени од брилијантната Симон Бајлс го освоија златниот медал во екипна конкуренција на Светското првенство во Антверпен, Белгија.
Американките со 167.729 поени победија пред Бразилките (165.530) и Французинките (164.064).
САД седми пат по ред победија во екипна конкуренција на планетарниот шампионат, а Бајлс испиша историја освојувајќи го 20. златен медал на светските првенства. На Олимписките игри и светските првенства таа вкупно има освоено 33 медали, со што стана најдобра на сите времиња.
Бајлс, пред десет години во Антверпен на 16. годишна возраст го освои својот прв медал на Светскиот куп во кариерата.
Со среброто воодушевија Бразилките кои во своите редови ја имаат актуелната светска шампионка во повеќебој Ребека Андрада. На помалку од десет месеци пред Олимписките игри, Французинките, кои ја освоија бронзата со 164.064 поени, ја направија гимнастиката уште попопуларна во својата татковина.
Ново на Сител
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
