Работнички вечер против Рапид
Македонските претставници во кавлификациите за ФИБА Евро купот, Работнички и Феникс, денес, односно утре ќе ги играат натпреварите од првото коло.
По подолго време, Работнички одново е во Европа, макар што за место во главната фаза, „црвено-белите“ ќе се борат на турнирот кои ќе го организираат во Скопје. Најтрофејниот македонски клуб е дел од групата „А“ која ќе се игра во СРЦ „Кале“. За првото место (и единственото кое води понатаму) Работнички ќе се бори со ќе се борат со екипите на Донар Гронинген (Холандија), Рапид Букурешт (Романија) и Сабах од Азербејџан.
Работнички вечер од 20:30 часот ќе се соочи со Рапид.
Историски „излез“ утреечер, ќе направи и екипата на Феникс 2010. Скопскиот тим испрати пријава за учество во квалификациите на ова натпреварување, а ждрепката ги однесе „фениксовци“ на Кипар, каде во друштво на екипата-домаќин, Керавнос, и германскиот Рошток, кои се дел од групата „Е“, ќе се обиде да направи сензација и обезбеди место во главната натпреварувачка фаза во ФИБА Еврокупот.
Феникс утре од 18 часот се среќава со Керавнос.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
