Пораз на македонските кошаркарски кадети од Романија и во машка и во женска конкуренција

Македонските кадетски кошаркарски репрезентации во машка и женска конкуренција со порази од соодветните селекции на Романија го завршија вечерва настапот на ФИБА развојниот турнир „Заедно до 16“ чиј домаќин од средата беше Скопје.
Женската репрезентација во завршното коло претрпе пораз од Романија со 75-43 и настапот на ФИБА турнирот го заврши со ефект од една победа и три порази. Избраничките на селекторот Горан Крстевски на стартот беа поуспешни од Косово, а во следните два натпревари беа поразени од Турција и Романија.
Најефикасни вечерва во македонските редови беа Пислевска и Трајковска со по 12 поени.
На машкиот турнир, македонските кошаркари го завршија настапот со пораз од Романија од 63-53.
Избраниците на селекторот Владимир Мирковски на турнирот што се одржа во СРЦ „Кале“ претходно забележаа триумфи над Косово и Бугарија, а во третото коло беа поразени од Турција.
Ново на Сител
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
