По штрајкот на глумците, наводно следи покачување на претплатите на Нетфликс

Нетфликс наводно има намера да ја зголеми цената на своите претплати, според познавачи, неколку месеци по завршувањето на штрајкот на глумците и сценаристите во Холивуд.
Нетфликс, се наведува, веќе ја зголеми цената на одредени пакети, но и ја прекрати најевтината опција за претплата без реклами во САД и Велика Британија, како и во Канада. Не се знае кога точно ќе стапат во сила најавените нови цени, како ни дали и другите стрим-платформи ќе го следат тој пример.
Здружението на телевизиски и радио-уметници на Америка (САГ-АФТРА) штрајкува од 14 јули. Останува нејасно кога ќе заврши штрајкот. Глумците завчера ги продолжија преговорите со Здружението на филмски и телевизиски продуценти (АМПТП), а разговорите ќе продолжат утре.
Од друга страна, пак, Друштвото на писатели (сценаристи) на Америка (ВГА) го заврши повеќемесечниот штрајк откако постигна договор.
Откако се појавија вестите за претстојните покачувања на цените, акциите на Нетфликс се зголемија за речиси три отсто. Се чини, ова е вообичаен тренд, кога стрим-платформата почна да го укинува споделувањето лозинки, на пр., компанијата потврди дека има 5,9 милиони нови претплатници како директен резултат на оваа одлука.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
