Македонските каратисти освоија 12 златни медали на турнир во Грција

Македонската репрезентација во традиционално карате беше најуспешна на ИТКФ Меѓународниот куп „Хидетака Нишијама” одржан викендот во Неа Мудања, Грција.
Македонските каратисти освоија вкупно 47 медали од кои 12 златни, 13 сребрени и 22 бронзени медали во сениорска-младински, јуниорска-кадетска конкуренција како и во најмалата категорија за деца.
Најуспешни кај децата беа: Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Лука Крстевски и Дамјан Трајковски кои освоија повеќе златни медали во поединечна и екипна конкуренција. Сребрени и бронзени медали освоија: Софија Јарчевска, Ѓорѓи Кокорманов, Војдан Паламидовски, Дамјан Денковски, Максим Поп Трпев и Неда Костадиновска. Кај сениорите најуспешен беше женскиот ката тим во состав: Камелија Недев, Берта и Јана Милевски како и Сашо Спасовски кој освои златен медал во борби за сениори. Јадранка Недева освои три сребрени медали во кати, фукуго и кумите. Берта и Јана Милевски и Сашо Спасовски освоија бронзени медали поединечно, информираат од МТКФ.
На второ место по број на освоени медали беше Полска, а на трето место Италија, четврта беше Литванија.
Следен голем натпревар кој ги очекува македонските каратисти е Светскиот куп во Лублин, Полска кој ќе се одржи на 30 септември 2023 година.
Ново на Сител
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
