Еди Шерифовски се закити со сребрен медал на Балканското џудо првенство за млади сениори
Најдобриот македонски џудист Еди Шерифовски се закити со сребрен медал на Балканското првенство за млади сениори до 23 години кое се одржа во периодот вииендов во Истанбул – Турција.
Балканскиот вицешампион Еди Шерифовски (-81 кг) прво во четвртфиналето славеше против Селахатин Елнас, потоа во полуфиналето беше супериорен над Ерен Коџак, додека во финалето во израмнета борба загуби од Нихат Карачан, така го освои сребрениот медал.

На Балканското првенство за млади сениори учествуваа натпреварувачи од 9 балкански држави: Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Бугарија, Молдавија, Романија, Грција, Црна Гора и домаќинот Турција.

Резултати во поединечна конкуренција:
Резарт Хусени (- 66 кг. 7 место)
Андреј Симоноски (- 73 кг. 7 место)
Георгиј Магдески (- 73 кг. 7 место)
Еди Шерифовски (- 81 кг. сребрен медал)
Андреј Чакаровски (- 90 кг. 5 место)
Лилјана Недановска (- 63 кг. 7 место)
Кристина Мантароска (- 63 кг. 7 место)
Катерина Ацевска (+ 78 кг. 5 место)
Резултати екипна микс тим конкуренција:
Македонија (тим микс 5 место)
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
