Според науката, јајцето е постаро од кокошката

Долго трае расправата за тоа – што е постаро, јајцето или кокошката? Научниците понудија свои мислења, а и филозофите, исто така, придонесоа за дебатата низ историјата.
Според науката, сепак, јајцата се постари од кокошките. Разни видови животни, меѓу кои и диносаурусите, снесувале јајца долго пред да се појават кокошките на Земјата. Значи, имајќи ја еволуцијата предвид, јајцето е постаро.
Се поставува прашањето – дали всушност се мисли на кокошкино јајце? Ако се говори за јајце снесено од кокошка, тогаш кокошката би била прва. Меѓутоа, ако гледаме на јајцето како општ поим, без разлика на видот – тогаш јајцето е на прво место, објаснува „Би-би-си Сајенс фокус“.
Освен тоа, јајцето е една клетка, којашто потоа се развива во тело на пиле, кое пак, израснува во кокошка или петел.
Значи, одговорот на ова прашање зависи од дефиницијата за јајцето и кокошката и толкувањето на еволутивната историја. Со оглед на „сложеноста“ на прашањето, може да се каже дека ова прашање најчесто се поставува од филозофско гледиште.
Ново на Сител
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
