„Спејс-Икс“ оди на берза: Чекор што може да го направи Маск прв трилионер во светот

Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија која планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв трилионер во светот, што според аналитичарите е пресвртница која покажува колку е навистина богата технолошката индустрија.
Се очекува првичната јавна понуда на „Спејс-Икс“ да предизвика голем интерес кај инвеститорите поради претходните резултати на компанијата во вселенската индустрија и во сателитскиот интернет.
Иако нема официјални информации за тоа кога ќе се одржи првичната јавна понуда, се говори дека тоа би можело да се случи веќе следниот месец. Според „Ен-би-си“ (NBC), ова би можело да биде најголемата првична јавна понуда досега, иако тоа ќе се знае дури по официјалното објавување. Имено, во апликацијата до Комисијата за хартии од вредност на САД, која го регулира пазарот на капитал, не беше наведено колку пари компанијата планира да собере преку првичната јавна понуда.
Најголемата првична јавна понуда досега беше онаа на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во 2020 година, кога заработката достигна 29,4 милијарди долари.
Некои аналитичари веруваат дека оваа првична јавна понуда на „Спејс-Икс“ е само пазарен тест за Маск, кој нема најдобар јавен имиџ во последниве години. Блиските односи со сегашниот претседател Доналд Трамп и „Операцијата ДОГЕ“ (DOGE) го чинеа губење на популарноста и кај граѓаните и кај инвеститорите. Сепак, иако „Тесла“ во овој миг минува низ тежок период, таа сепак има јадро од верни обожаватели кои се подготвени да вложат пари во производите и во акциите на компанијата.
МИА
Ново на Сител
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
