Спасувачите имаат се повеќе работа
Несреќите на планина се почести. Најголемиот број од нив се во делот на рекреативните активности, спасителите на планина имале 20 интервенции само на извлекување заглавени возила на патниот правец Галичица кој е небезбеден и затворен за сообраќај. Тие велат дека граѓаните но и туристите кои доаѓаат во Охрид многу често се обидуваат да направат непотребна авантура па заглавуваат со своите автомобили.
Спасителите велат дека пријавените случаи најчесто биле поради снег, густа магла, губење, заглавување, одрони на карпи, ниски или премногу високи температури, повреди при движење и скршеници.
Тие апелираат до граѓаните да бидат подготвени за сите предизвици со кои сакаат да се соочуваат.
Тимот во планина делува со 16 спасители, двајца лекари и 30-тина волонтери кои се добро обучени припадници во логистика.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
