СП 2026: Ван Дајк со критики за паузите за хидрација на секој натпревар

Фудбалерот на Холандија, Вирџил ван Дајк, се изјасни против паузите за вода на Светското првенство во 2026 година.
– Мислам дека паузите за вода се интересна тема. Досега ги гледав речиси сите натпревари од турнирот. Не ми се допаѓа фактот што секој пат кога се прекинуваат, се прикажуваат реклами. Сигурен сум дека ниту неутралните гледачи не го сакаат тоа. Ако е навистина жешко, треба да ги имаат овие прекини, но мислам дека секој натпревар треба да се разгледува самостојно, изјави Ван Дајк за „Би-би-си“.
На 15 јуни, Холандија ремизираше 2:2 со Јапонија во натпреварот од Ф-групата. Ван Дајк на овој меч постигна гол и беше прогласен за играч на натпреварот.
На натпреварите на Мундијалот 2026, во средината на двете полувремиња играта се прекинува и фудбалерите имаат две минути за освежување. За време на овие паузи на преносите се прикажуваат реклами.
МИА
Ново на Сител
-

Од средината на јули до крајот на август најопасен период за шумски пожари во Грција
-

Документарен филм „Секоја капка за Преспа“
-

34 годишник со 3,29 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајка во Скопје
-

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација
-

Уапсен 19-годишниот возач кој прегазил жена во Ѓорче и избегал
-

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид
-

Оружје пронајдено при претрес на 77-годишен кумановец
-

ПФЛ: Шкендија Арачиново – Силекс за старт на второто коло
