-->
-->
СП 2026: Шведска убедлива против Тунис
-->

Шведска го победи Тунис со 5:1 рано утрово во Монтереј, Мексико, во нивниот прв натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година.
Стрелци на головите за победничката репрезентација беа Јасин Ајари (два), Александар Исак, Виктор Ѓекерш и Матијас Сванберг.
Единствениот гол за Тунис е дело на Омар Рекик.
Шведска е на врвот на групата Ф со три бода, Јапонија и Холандија имаат по еден, Тунис е на четвртото место без освоен бод.
Во второто коло, Шведска ќе игра против Холандија на 20 јуни. Тунис ќе се соочи со Јапонија на 21 јуни.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
