СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо синоќа против Шпанија во Далас го одигра последниот натпревар во дресот на Португалија на Светско првенство. Неговата репрезентација го загуби осминафиналето со 1:0, што значеше и елиминација на Португалија.
– Тажен сум. Дадов сè од себе, дадов се од себе и си заминувам со чиста совест. Тоа е фудбалот, тоа е животот на еден фудбалер. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш и мора да продолжиш. Да бидам искрен, ова беше моето последно Светско првенство. Но, ќе имам време да размислам за останатото подоцна. Ќе бидам со моето семејство, нема да донесувам никакви одлуки во моментот на возбуда и едноставно ќе продолжам со животот, изјави Роналдо.
За самиот натпревар португалскиот репрезентативец надополни:
– Тоа беше многу изедначен натпревар. Според мене, можеше да заврши во двата правци. Шпанија имаше малку среќа со постигнувањето голови во последните моменти. Но, тоа е фудбалот.
Португалија на Мундијалот одигра нерешено со ДР Конго (1-1) и Колумбија во групата (0-0), ги победи Узбекистан (5-0) во групата и Хрватска (2-1) во 1/16 финалето.
МИА
Ново на Сител
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
