СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот

Репрезентацијата на Шпанија, актуелниот европски шампион е првиот финалист на Светското првенство откако вечерва во првото полуфинале го совладаа финалистот од последните два Мундијала, Франција со 2:0. „Црвената фурија“ ги искористи грешките на противникот.
Во првото полувреме по лошата интервенција на бекот на „триколорите“ Лукас Дињ, кој потоа го фаулираше Јамин Ламал, а судијата Иван Бартон покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Микел Ојарзабал во 22.минута. Во вториот дел бекот на Шпанија, Педро Поро се најде на вистинското место и го постигна вториот гол на Мундијалот и со тоа ја потврди победата на Шпанија. До крајот на дуелот францускиот тим не успеа да постигне ниту почесен гол.
Утре (среда) во второто полуфинале од 21 часот ќе играат Англија и Аргентина.
Шпанија финалето ќе го игра во недела (19.јули) во Њујорк со победникот од натпреварот Англија – Аргентина, а ден претходно (сабота) во Мајами се игра натпреварот за третото место каде ќе настапи Франција, со поразениот од дуелот Англија – Аргентина.
МИА
Ново на Сител
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
