СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата

– Репрезентацијата на Аргентина актуелниот светски првак уште еден натпревар во нокаут фазата доби во продолжение. Претходно ги совладаа Зелено’ртските острови со 3:2, Египет го победија со гол во судиското надополнување, а за пласман во полуфиналето ја совладаа Швајцарија со 3:1 по продолжение и предност од играч повеќе од 72.минута.
Натпреварот беше решен во второто продолжение кога Хулијан Алварез постигна гол за водство од 2:1 во 112.минута, а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез.
– Се боревме до самиот крај на натпреварот. Во еден период натпреварот беше тежок, имавме играч повеќе, а следуваа и продолжетоци. Верувавме дека ќе постигнеме гол и продолживме заедно да напаѓаме и постигнавме гол. Секако дека сакавме порано да обезбедиме победа, но знаеме колку е тешко да се игра на Светско првенство. Имаме уште два чекора до целта и ќе дадеме се од себе за да ги направиме, изјави Алварез.
Во полуфиналето Аргентина на 15.јули ќе игра против Англија во Атланта.
MИА
Ново на Сител
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
