СП 2026: Англија избори четвртфинале со триумфот над Мексико

Репрезентацијата на Англија успеа да се пласира во четврфтиналето на Мундијалот откако ноќеска го совлада Мексико, еден од домаќините со 3:2. На тој начин Англичаните се изборија за европско четвртфинале против Норвешка.
Англија поведе со 2:0 со двата „брзи“ гола на Џуд Белингем, кој погоди во 36.минута и во 38.минута. Сепак неизвесноста ја врати Жулиан Куинонеш со голот во 42.минута кога намали на 1:2.
Од 54.минута Англичаните играа со играч помлаку откако Џарел Кванса доби црвен картон, но капитенот Хари Кејн реализираше пенал во 60.минута за предност од 3:1. Пенал имаше и за Мексико, а стрелец беше Раул Хименез во 69.минута. До крајот на дуелот немаше промена на резултатот.
Четвртфиналето против Норвешка, Англија ќе го игра на 11.јули во Мајами со почеток во 23 часот по македонско време.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
