Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство

Дигиталната трансформација на банкарството им овозможи на клиентите да користат банкарски производи и услуги преку mBanking апликација, инстант плаќања, онлајн отворање сметка или аплицирање за кредит, без одење во филијала. За да се постигне брзо и едноставно корисничко искуство, приспособено на современиот корисник, зад секој навидум едноставен „клик“ стојат сложени процесни системи, креирани врз основа на напредни технологии и целосно усогласени со регулативата.
Добар пример за тоа е развојот на дигиталното отворање сметка, кој настана како резултат на соработката меѓу AikBank, која е дел од регионалната банкарска групација AikGroup, и ASEE, еден од водечките технолошки партнери на финансискиот сектор во регионот.
На клиентите им е овозможено кој било од пакетите сметки во AikBank да го отворат целосно онлајн, без одење во филијала и за само 15 минути, како и процесот да го започнат тогаш кога ним им одговара. Тоа претставува значаен исчекор во време кога клиентите сè почесто имаат потреба своите банкарски работи да ги извршуваат дигитално.

„Корисниците повеќе не го споредуваат банкарското искуство само со други банки. Нивните очекувања ги обликуваат сите дигитални услуги што ги користат секојдневно, без разлика дали купуваат преку интернет, користат стриминг сервиси или апликации за превоз. Стандардите на практичност повеќе не ги поставува само финансискиот сектор“, истакнува Маја Микиќ, членка на Извршниот одбор за операции и технологии во AikBank.
Банкарскиот сектор притоа работи во строго регулирано опкружување, во кое секоја иновација мора да биде усогласена со високите стандарди за безбедност, управување со ризици и заштита на податоци. Банките имаат задача да развијат процеси што за корисникот се едноставни, брзи и интуитивни, додека во позадина се одвиваат регулаторни, безбедносни и оперативни проверки.
Затоа во последните години се менува и улогата на технолошките партнери во финансиската индустрија. На банките им се потребни партнери кои го разбираат функционирањето на финансискиот сектор, регулаторната рамка и промените низ кои поминува банкарската индустрија. Фокусот се помести од поединечни, изолирани проекти кон долгорочни партнерства што ја поддржуваат трансформацијата на работењето, поврзуваат различни системи и овозможуваат развојот на нови производи да ја следи динамиката на пазарот.
Преку разбирање на банкарските процеси, регулативата и технологијата, ASEE развива решенија што им овозможуваат на банките дигитално отворање сметки, поднесување барања и договарање банкарски производи и услуги. Таквиот пристап подразбира поедноставување на процесите на дигиталните канали за крајните корисници, без разлика дали станува збор за физички или правни лица. Тоа се постигнува преку автоматизација на собирањето, обработката и проверката на податоците, како и преку поддршка во одлучувањето со напредни дигитални платформи што се интегрираат со постојните системи на финансиските институции. За банките тоа значи можност побрзо да развиваат и воведуваат нови производи и услуги, со пократко време потребно за нивно излегување на пазарот и во согласност со деловните планови, регулаторните барања и очекувањата на корисниците.
На овој начин ASEE учествува во трансформацијата на финансиските институции низ целиот регион. Технолошката модернизација така не се гледа како низа одвоени проекти, туку како континуиран процес на унапредување на банкарските услуги и целокупниот однос со корисникот.
Додека од агол на корисникот процесот на отворање сметка изгледа едноставно и брзо – сè се завршува преку мобилен телефон, за околу 15 минути и без ниту една посета на филијала – зад него стои цела низа технолошки и регулаторни процедури што се одвиваат во реално време. На тој начин на корисниците им е овозможено да отворат сметка тогаш кога им одговара и каде и да се наоѓаат, без компромис кога станува збор за безбедноста.
„Отворањето сметка онлајн сè уште е елемент на диференцијација на пазарот, но во блиска иднина тоа ќе стане нешто што се очекува од банките“, истакнува Маја Микиќ. „Клиентите се во толкава мера опкружени со технологии што очекуваат исто ниво на удобност, практичност и брзина и од банката, и од стриминг сервисот, и од онлајн трговецот. Затоа наш приоритет при креирањето на процесот за онлајн отворање сметка беше да им обезбедиме на клиентите едноставно искуство, со минимален број потребни чекори, без пречки и со дополнителни поволности што ќе ги охрабрат да ги испробаат предностите на современите дигитални технологии.“
Во годините што доаѓаат, корисниците сè помалку ќе ја забележуваат технологијата, а сè повеќе ќе очекуваат услугата едноставно да функционира. Токму затоа способноста сложените процеси да се претворат во брзо, едноставно и интуитивно корисничко искуство станува една од најважните предности на современото банкарство.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
-

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери
-

Македонскиот првак Вардар против фински КуПС на стартот од квалификациите на ЛШ
-

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
-

СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство
-

МВР: Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште
-

Сателитска снимка од Охридското и Преспанското езеро
