Сообраќајка на магистралата Гостивар - Кичево, повредени три деца и една жена

Во судар на четири автомобили и еден камион, на магистралата во близина на каменоломите, повредени се четири лица од кои три деца. Од СВР Тетово информираат дека во моментов трае увид и се утврдуваат околностите под кои се случила и материјалната штета.
Портпаролот Фатмир Реџепи, за МИА потврди дека сообраќајката била пријавена утрово околу 7:40 часот во близина на каменоломот „Прогрес 98“.
- По незгодата три малолетни лица и една жена кои биле во еден автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени кон гостиварската болница на пружање медицинска помош, рече Реџепи.
Поради сообраќајната несреќа на патниот правец кон Стража има отежнато одвивање на сообраќајот и се создадоа долги колони во двата правци. Во тек е увид а движењето на возилата кон Кичево и кон Гостивар се врши наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
