Сонот може да ви предизвика срцев и мозочен удар: Како да го спречите?

Лошото спиење може да направи повеќе работи отколку што си замислуваме покажуваат новите студии според кои лошиот сон го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар, а со тоа и да доведе до кардиоваскуларни болести.
Сонот е поврзан со бројни проблеми како што се: болка која се пренесува до други делови од телото, деменција, депресија, анксиозност и непријателство.
Лошото спиење треба да се земе како голем фактор ризик за кардиоваскуларни болести, заедно со пушењето, лошата исхрана и недостиг на вежбање.
Причината е следната: недостигот на спиење предизвикува нереално чувство на глад, на што се надоврзува дебелината и болести на срцето.
Хроничната ненаспаност предизвикува подигање на нивото на хормонот на стресот кој придонесува мозочен удар, висок крвен притисок и ризик од срцев удар.
Советите кои можат да ви помогнат се – добро да се наспиете. Ова се некои работи кои би можеле да ви помогнат во тоа: во кревет одете секоја ноќ во исто време,по можност околу 22 часот.
Со одење порано во кревет го ставате вашето тело во складност со сопствениот природен сон.
Спалната соба треба да биде поладна. Тоа на телото му сигнализира да произведува мелатонин, хормон кој помага да спиете доста цврсто.
Консумирајте шолја чај кој содржи камилица – тој ќе ве направи поспани.
Ново на Сител
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
-

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, на аеродромите повеќе од два милиони патници во првите шест месеци
