Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст.
Ново на Сител
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
