Loading Video...
Кошарка
9. July 2021 - 18:23

„Сонцата“ од Феникс поведоа со 2-0 ви финалето против Милвоки

Тимот на Феникс „Санс“ славеше триумф со 118-108 во вториот натпревар од големото НБА финале со што „Сонцата“ поведоа со 2:0 во победи во дуелот против Милвоки 
 
Иако кај гостите брилијантен настап имаше Јанис Адетокумбо кој средбата ја заврши со дабл-даб со 42 поени и 12 скокови, сепак тоа не им помогна на „бакси“ да го избегнат вториот пораз. Кај победничката екипа се истакна триото, Букер со 31, Бриџис со 27 и Крис Пол кој постигна 23.
 
Серијата одобар до четири победи се сели во Милвоки, а следниот трет натпревар на програмата е во понеделник наутро во 2 часот.