Македонија
9. March 2022 - 16:57

Собранието подготвено за дебата откако ќе ги добијат предлозите од Владата

Веднаш штом стигнат владините мерки  за намалување на ценовниот шок за граѓаните во парламентот, може да се свика седница за тие што побрзо да бидат донесени потврдија од собранието.  Засега седница не се најавува. Владата веќе најави дека законските измени ќе ги испрати по скратена постапка.

Независно кога пленумот ќе се свика извесено е дека намалувањето на акцизите, укинувањето на  ДВВ за основни продукти, како и ваучерите за граѓани од социјални категории ќе бидат изгласани во парламентот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека добредојдено е се што е во интерес на граѓаните, но прво ќе анализираат колку владините мерки ќе помогнат на стандардот на граѓаните.  Сметаат дека мерките што тие ги предлагаат се поефикасни и токму затоа инсистираат на итна седница за нив.

Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ засега се прифатливи само за опозициските партии. Пратеничките групи на власта исклучиво чекаат на владините мерки. Левица пак, поднесе законски измени со кои бара да се воведе апанажа на работниците и поголема субвенција за студентски оброк.