Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски

Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица, откако по завршениот претрес 77 пратеници гласаа, од кои 58 беа против, а 19 за.
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, сумирајќи ја интерпелацијата оцени дека „Република Северна Македонија е небезбедна држава поради нејзиното Министерство за внатрешни работи“ и дека „апаратот за обезбедување на граѓаните не функционира како што треба“.
- Вистината е дека општата ситуација во Македонија не е таму каде што треба да е. Македонија е небезбедна држава поради нејзиното Министерство за внатрешни работи кое не прави структурални промени да ја обезбеди таа безбедност. Македонија е држава во која нормални активности може да имаат поголеми последици затоа што апаратот за обезбедување на граѓаните не функционира како што треба, бидејќи се гледа како апарат за полнење на политички кадри - рече тој.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во реплика истакна дека ќе даде се од себе да ги подобрува работите.
- Ќе дадам сѐ од себе додека сум на оваа позиција во секој сегмент барем една работа да е поодобра, македонските граѓани го гледаат тоа и го знаат. Нема никогаш да лажам и ќе се трудам да дадам максимум од себе си, дали тоа ќе биде доволно ќе каже времето - порача министерот.
Во текот на расправата, опозицијата тврдеше дека има „скандали, пропусти и нула одговорност“ и побара оставка, додека Тошковски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ возвратија со „конкретни резултати, зголемена ефикасност и сузбиени криминални групи“, оценувајќи дека не треба да се бара смена за министер кој „се труди и има резултати“.
Според Деловникот на Собранието, Интерпелацијата се спроведува по јасно утврдена процедура на поднесување и гласање. Расправата за интерпелација се одвива на пленарна седница, трае еден работен ден и мора да заврши најдоцна до 24 часот истиот ден, кога се врши и гласање.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
-

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
-

Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
