Македонија
15. September 2026 - 9:14

Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември

Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември. На настанот, како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат Златко Атанасов, државен советник и раководител на Парламентарниот институт, потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски и амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер.  

Потоа се предвидени прашања на тема „Демократија“ за учениците кои ќе бидат присутни, а ќе ги поставуваат советникот - историчар Соња Стаменковска и советникот за правно-политичка едукација, Даниел Гоќески. 

Предвидено е да биде емитуван и видео материјалот „Како Шари стана пратеник?" по што ќе следува дискусија со учениците и пратениците со Стаменковска и Гоќески.

 

МИА