Со симболично патување означен почетокот на Градскиот воз кон Зелениково

Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и нивни вработени, утрово, придружувани од медиуми, со Градскиот воз тргнаа од железничката станица во Зелениково кон Скопје.
Симболичното патување е по повод официјалната промоција на проектот „Градски воз“ на првата од трите предвидени линии о која се сообраќа од Зелениково - Ново Зелениково - Орешани - Јане Сандански – Драчево - Лисиче и Нова железничка станица Скопје.
Проектот „Градски воз” е идеја на оваа Влада со цел граѓаните на Скопје како од приградските места, така и од централниот дел да добијат побрз, поефикасен и подостапен јавен градски превоз. Целта е периферните делови на Скопје да се поврзат со централното подрачје на градот, што ќе значи поевтино патување, пократко патување, помалку чекање и побрз јавен транспорт.
„Железници Инфраструктура“ за потребите на проектот „Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација.
Сообраќајот на линијата Зелениково-Нова железничка станица Скопје ќе се реализира со три возови според точно утврден ред на возење од страна на МЖ „Транспорт“.
Во тек се работи и на проектирање на втората и третата линија од „Градски воз“, едната од Нова железничка станица преку Бутел - Скопје-Север до Ѓорче Петров и другата од Нова железничка станица преку Автокоманда- Маџари до Илинден.
МИА
Ново на Сител
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
