Со конгреси и семинари Охрид ја продолжува туристичката сезона до крајот на октомври
Охрид ја продолжува туристичката сезона .До крајот на месец октомври странски туристи ќе одмараат долж ривиерата а хотелите ќе бидат домаќини на низа конгреси и семинари кои ќе донесат бројни гости.Градот останува атрактивна дестинација и за кружните тури.
Продолжувањето на сезоната ќе овозможи задржување на младиот кадар во хотелско угостителскиот сектор наместо да заминува надвор од нашата земја.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските за 44.0 %.Tуристите од Турција , Србија ,Полска и Романија и натаму се најбројни гости во земјава.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
