Loading Video...
Спорт плус
24. August 2021 - 18:58

Со две измени во тимот македонските одбојкари ќе настапат на своето второ Европско првенство

Селекторот машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Душко Николиќ денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстоното Европското првенство. 
 
Со две измени во однос на селекцијата којка пред две годиони дебитиораше на европскиот шампионат во Словенија, репрезентацијата на Македонија ќе се обида на натправи чекор повеќе и да ја мине групната фаза. 
 
Од тимот што настапи во Словенија ги нема Милков и Андов, а на нивите места се повикани Лука Костиќ и Филип Савовски. 
 
Македонските одбојкари за Тампере, Финска ќе патуваат во сабота, а дотогаш ќе работат во Скопје. 
 
Првиот натпревар на шампионатот црвено-жолтите ќе го играат а 1 септември против домаќинот Финска, а потоа за противници ќе ги имаат и селекциите на Холандија, Турција, Шпанија и Русија.