Македонија
20. May 2024 - 16:34

Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци

Смртни закани добил и градоначалникот на Кавадарци. Пијан 35-годишник му кажал дека ќе го убие, додека Јанчев бил со друштво во угостителски објект.

Полицијата реагирала, а кавадарчанецот заврши зад решетки.

Напаѓачот не е непознат за полицијата, и претходно извршувал разни кривични дела. По целосно документирање на случајот, кавадарчанецот досието ќе си го „збогати“ со уште една кривична пријава.

Последниве денови се зачестија смртните закани и напади кон функционерите.

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш“, се зборовите кои ги доби претседателката на Уставниот суд во трсковски центар во Скопје викендов. А претходно, како во сцена од хорор филм пред автомобилот и беа поставени чаршав и кујнски нож. Полиција уште трага по аранжерот на сценариото во подземјата гаража во зградата каде живее Кацарска.

Минатата недела беше опожарен и автомобилот на  директорот на КПУ Идризово.