Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил напиша дека со огромна тага ја примил веста за ненадејната смрт на, како што посочува, „мојот драг пријател, колега и пред сѐ голем човек, Јовица Илиевски“.
-Јоцо, сите сме во шок и неверување. Тешко е да се прифати дека повеќе не си меѓу нас, но уште потешко е да се најдат зборови за човек како тебе. Зад себе остави ведар дух, искрена насмевка, човечност и хумана мисија која допре до многу луѓе.Твојата желба да помогнеш, твојата добрина и твојата присутност ќе останат засекогаш во сеќавањата на сите кои те познаваа, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук.
Упатувам, вели во објавата Ѓорѓиевски, длабоко сочувство до твоето неутешно семејство, до пријателите, колегите и до сите луѓе кои денес чувствуваат голема празнина поради твоето заминување.
-Брвеница е горда на тебе. Никогаш нема да бидеш заборавен. Вечна ти слава, другар, порача скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во својата објава на фесјбук по повод смртта на Илиевски.
Ново на Сител
-

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
-

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
