Скопје ќе биде домаќин на Европски куп во џудо

Во организација на Џудо федерацијата на Македонија на 20 и 21 септември во Скопје ќе се одржи Сениорскиот Европски куп.
– Вредно е да се истакне дека ова е четврти голем меѓународен настан што ЏФСМ го организира оваа година по Европското првенство за кадети, ЕМОФ и Европскиот куп за јуниори. Од Џудо федерацијата додаваат дека секој од овие настани беше чекор напред кон позиционирање на нашата земја како респектирана дестинација на џудо мапата на Европа, информираат од федерацијата.
Според најавите, Сениорскиот Европски куп во Скопје ќе ги донесе најквалитетните џудисти од цела Европа.
– Македонската репрезентација е составена од 15 натпреварувачи, 5 во женска и 10 во машка конкуренција. Овој пат тоа е комбиниран состав во кој се нашите најквалитетни и најискусни џудисти, но имаме и неколкумина млади, јуниори за кои ова ќе биде прв настап во сениорска конкуренција. Очекувам добар настап на нашите натпреварувачи, бидејќи е тоа можност да се докажат во вака силна конкуренција, со најдобрите европски џудисти, изјави Горан Мицкоски, селектор на македонската репрезентација.
Организаторот очекува повеќе од 300 натпреварувачи од 30 земји.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
