Македонија
12. August 2026 - 13:54

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро

Телото на 71-годишниот М.М. од Скопје вчера било извлечено од водите на Преспанското Езеро, кај туристичката населба Претор.

Според информациите од МВР, специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ го извлекла телото околу 13:15 часот.

Случајот бил пријавен на 8 август околу 12:20 часот во СВР Битола. Тогаш било пријавено дека 71-годишниот маж скокнал од чамец во езерото кај селото Сливница, Ресенско, откако во водата му паднале веслата.

На местото извршила увид екипа на СВР Битола – ОВР Ресен. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено за обдукција во Клиничката болница во Битола.