-->
-->
Сите ние ги користиме секојдневно но грешно ги толкуваме а еве и зошто
-->

Луѓето секојдневно во комуникацијата преку Месинџер и Вибер користат емотикончиња кои покажуваат како тие се чувствуваат во врска со напишаното или едноставно како се чувствуваат во моментот кога ја куцаат пораката која треба да ја пратат на друг.
Луѓето ширум светот често погрешно ги разбираат емотиконите, односно пораките кои ги добиле со смајли.
Малите лица се создадени за да објаснат како некој се чувствува, но важно е да се знае дека ако еден корисник има еден тип телефон, а друг корисник друг тип телефон, не секогаш стигнуваат истите емотикони кои се пратени, а со тоа често се упатуваат погрешни пораки и сигнали некому.
Како што пренесе Индепендент, според последните истражувања, луѓето често користат емотикони за кои и не се сигурни што значат. Тие се разликуваат од телефон до телефон, од мрежа до мрежа, како Инстаграм, Твитер, Фејсбук, Месинџер...а се разликуваат и во зависност од оперативниот систем IOS или Android.
Кога различни корисници биле запрашани да протолкуваат различни знаци, односно десетте најупотребувани на социјалните мрежи, не секој од нив дал ист одговор. Требало да го оценат секој емотикон со оцена од 5 до -5 во зависност од тоа какви чувства им буди во комуникацијата.
Освен технолошките, постојат и културолошки разлики. Одредени култури на сосема поинаков начин ги сфаќаат емотиконите од други култури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО: Тројца починати во сомнителна епидемија на хантавирус на крузер
-

Трамп: САД ќе им помогнат на бродовите заглавени од блокадата на Ормуз
-

Седници на три собраниски комисии
-

Со исказ не вешто лице од Судска медицина продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Студено утро, сончев ден со температури до 25 степени
-

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина
-

Анкета: Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока
-

Кремљ: Цените на нафтата може да се зголемат уште повеќе ако продолжат украинските напади врз руските објекти
