Сите го пиеме, а не знаеме колку е опасен - предизвикува 7 видови рак во телото

Според новото истражување објавено во научниот магазин „Адикшн“, постои поврзаност помеѓу алкохолот и карциномот која не може да се објасни со други фактори. Научниците заклучиле дека постојат доволно уверливи докази за дефинитвно да се утврди дека пиењето на алкохол е директен причинител на болеста, тврди Џени Конор, еден од авторите на истражувањето.
Алкохолот директно предизвикува најмалку седум видови карцином, а опасен е дури и за луѓето кои уживаат во мали или умерени количини, предупредуваат научниците.
– Дури и без сфаќање на биолошките механизми, епидемиолошките докази ја поддржуваат проценката дека алкохолот предизвикува рак на устата, грлото, хранопроводникот, црниот дроб, дебелото црево и градите – рекла Конор и додала дека сè повеќе има докази и дека алкохолот предизвикува рак на кожата, простатата и панкреасот.
До заклучокот дошла по проучувањето на десетгодишните податоци на Светскиот фонд за истражување на ракот, Меѓународната организација за истражување на ракот, како и на Светската здравствена организација (СЗО).
– Најголемиот ризик е поврзан со поголемиот внес на алкохолот, но сериозен товар лежи и на оние кои пијат мали до умерени количини – предупредува Конор.
Според истражувањето што го спровела непрофитната организација „Кансер рисрч УК“, дури девет од десет луѓе не се запознаени со врската помеѓу алкохолот и ракот.
– Ова истражување е силен потсетник дека постои силна врска помеѓу тие две работи – рекла д-р Јана Вит, портпаролот на „Кансер рисрч УК“.
Ново на Сител
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
-

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати
-

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
