Сингапур им забрани на „Масив атак“ влез во земјата поради палестинското знаме

Властите во Сингапур им забранија на двајцата водечки членови на британскиот трип-хоп-состав „Масив атак“ повторно да влезат во државата, откако развеале палестинско знаме и изразиле поддршка за палестинската кауза на концертот минатата недела.
Сингапурската полиција соопшти дека двајца мажи се под истрага за нивните постапки за време на концертот на островската град-држава на 29 јули, кога, меѓу другото, развеале странски знамиња, а еден од нив извикувал „Слободна Палестина“ од сцената.
Членовите на бендот добиле сериозни предупредувања и се ставени на црна листа, со што им е забрането да се вратат во Сингапур. Полицијата јавно не ги идентификуваше двајцата мажи. Снимки од тамошните медиуми ги посочуваат како Роберт „3-Д“ Дел Наџа и Грентли „Деди Џи“ Маршал.
„Полицијата презема сериозни мерки за дејанија што потенцијално би можеле да ја нарушат расната и религиозната хармонија во Сингапур и ја повикува јавноста, вклучително и странците, да се воздржат од мешање на странска политика, бидејќи тоа би можело да ја загрози нашата социјална кохезија и владеењето на правото“ - се вели во соопштението на надлежните.
„Масив атак“ одговорија на Инстаграм, велејќи дека бендот е „изненаден и разочаран“ од одлуката и дека голем дел од публиката скандирала „Слободна Палестина“ пред и по нивниот настап.
Во одговорот се додава и дека не очекувале кревањето на знамето да прекрши некој закон, но се горди што го направиле ова „спонтано изразување“ на поддршка за палестинската кауза со своите обожаватели во Сингапур.
МИА
Ново на Сител
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
