-->
-->
Синер го одбрани трофејот на Австралија Опен
-->

Јаник Синер владее со светскиот тенис и ја одбрани титулата од Гренд слем турнирот во Мелбурн откако победи во меч против Александар Зверев со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3).
За Италијанецот ова е трет трофеј од ,,големата четворка".
Светскиот рекет број 1 докажа дека моментално е многу тешко да биде победен во финалиња на големите турнири.
Минатосезонскиот победник на Австралија Опен и УС Опен имаше голем ривал во Зверев, но деталите, па дури и среќата, одлучија во корист на Италијанецот.
Германецот играше добро во поголемиот дел од мечот, особено кога сервираше, но Синер моментално е најдоминантниот АТП играч во размена на удари, а тоа се покажа како непремостлива пречка за Зверев оваа недела пред распродадената публика во ,,Род Лејвер Арена".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
