-->
-->
Симовски: Дадовме солиден отпор против светскиот вицепрвак
-->

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз од 3:0 во сетови од светскиот вицешампион Бугарија го почна настапот на Европското првенство што денеска стартуваше во Софија.
- Игравме против светскиот вицепрвак, во Софија на нивни терен, пред нивна публика пред полна сала. Дадовме солиден отпор. Имавме наши моменти, добри моменти, но и лоши моменти, кога не можевме да го смениме нивниот сервис што беше клучен факт да се избориме за сет или бод. Беше добар натпревар, имаме добар почеток, а веќе ни следи нов дуел против Украина, изјави по дуелот македонскиот репрезентативец Филип Савовски.
Следниот натпревар македонската одбојкарска репрезентација го игра во петок на 11.септември против Украина со почеток во 15 часот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
-

Загрижувачки резултати: Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука
