Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот

Парламентарната дипломатија има клучна улога во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот преку интензивна соработка во време на длабоки глобални предизвици и неизвесност - порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на XX конференција на претседатели и спикери на парламенти на земјите учеснички во Јадранско-јонската иницијатива, чиј домаќин е македонското Собрание во својство на претседавач на земјата со Инцијативата за периодот 2025 - 2026.
Сиљановска-Давкова, осврнувајќи се на улогата на парламентите во политичките системи, искажа загриженост поради нарушената рамнотежа на трите власти, неопходна за парламентарната демократија.
Таа укажа на видно ослабените контролни механизми врз извршната власт. Според неа, меѓународните односи не смее да бидат само во рацете на егзекутивата, туку и на парламентите како креатори на меѓународната политика.
- Факт е дека денеска парламентите како институции во поделбата на власта, па и Европскиот парламент, ја немаат улогата што би требало да ја имаат. Институциите се слаби и во поделбата на власта најважни и најсилни денес се извршните органи. Расте тенденцијата не само на премиерски системи туку и на авторитаризам, па и на цезаризам и каудиљизам, што е загрижувачко. Не можеме да зборуваме за мултилатерализам, мултиполарност, ама пак се појавува и миниполарност и разни здружувања во светот. Заедно денеска јас сакам да зборувам за парламентите - рече таа.
Шефицата на државата нагласи дека Лисабонскиот договор најпрвин се перцепира и како договор за ЕП, но и како договор за улогата на националните парламенти.
- Затоа мислам дека е важно да ја потенцираме оваа одговорост. Значи, денеска меѓународните односи не смее и не може да бидат само во рацете на првите луѓе на државата и на егзекутивата, туку навистина треба дел од одговорноста да ја преземат сите важни институции - додаде таа.
Претседателката нагласи дека парламентарната дипломатија може да има незаменлива улога во градењето, одржувањето и гарантирањето на мирот, со оглед на плуралниот состав и транспарентниот политички дијалог. Парламентите, чиј легитимитет извира непосредно од народот, за неа се политички школи на демократијата, во кои се учи и се негува дијалогот меѓу власта и опозицијата.
Сиљановска-Давкова укажа на нужноста од длабоки реформи на ОН и ЕУ, кои настанаа како мировни проекти, а се соочуваат со воени предизвици.
Според неа, време е за преиспитување на односот на ЕУ кон процесот на проширување. Таа посочи дека Европската Унија е соочена со демократски дефицит, видлив од доминацијата на Европскиот совет над Европскиот парламент и Европската комисија.
Сиљановска-Давкова ја охрабрува Европската Унија да направи храбар чекор како во 2004 година, со кој ќе стави крај на вештачката поделба на Исток и Запад и крај на балканизацијата.
- Време е за политичко удомување на Западен Балкан во европското семејство - порача Сиљановска-Давкова нагласувајќи дека Унијата е непотполна без регионот.
Таа истакна дека Копенхашките критериуми треба да бидат начинот на кој ќе се европеизираме и додаде дека треба да се почитуваат уставните документи на ЕУ, Договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор и Повелбата за фундаменталните права.
- Таму јасно стои дека ЕУ првин ќе ги почитува националниот и културниот идентитет на граѓаните, на државите и нациите, дигнитетот и интегритетот на граѓаните, член 4 вели уставните и политичките структури. Дали е така не сум сигурна. Целосно се согласувам со господинот Макрон кога вели дека ЕУ не е политичка и бирократска машинерија, туку филозофија, ама филозофија без принципи и вредности нема - порача Сиљановска-Давкова.
Таа рече дека денес, „во ова чудно време“, проширувањето добива уште една димензија, димензија на безбедност.
- Пристапувањето на Западен Балкан, вклучувајќи нè и нас, тие што имаат иста надворешна и безбедносна политика со ЕУ, ние сме портата на ЕУ, логично е тогаш да се сфати дека само заедно ќе можеме да бидеме отпорни на трети влијанија, а како ќе бидеме отпорни, ако сме внатре. Не можете да градите отпорност ако сте мостот меѓу Западот и Средниот Исток, не можете да бидете отпорни ако сте оставени на маргините - нагласи таа.
На панелот со наслов „Промовирање на мирот и стабилноста преку парламентарната дипломатија“, што го модерира собранискиот спикер Африм Гаши, се обратија генералниот секретар на ЈЈИ, Џовани Кастеланета, заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, поранешниот министер и пратеник, Ризван Сулејмани, и пратеничката и претседателка на Клубот на младинските прашања и политики на Собранието, Драгана Бојковска.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
-

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот
-

Сиљановска - Давкова: Поддржувам укинување на Пржинската влада, двојно државјанство не треба да има и за претседателот и министрите
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
