-->
-->
Силен ветер го разгорува пожарот кај Неокази во Пробиштипско, зафатени две куќи, жителите евакуирани
-->
Силен ветер го разгорува пожарот во атарот на селото Неокази, при што огнот се проширил и во селото Бучиште, Пробиштипско.
Според надлежните служби, се работи за пожар на голема површина со ниска вегетација, кој поради силниот и променлив ветер брзо се шири и тешко се става под контрола. Во Бучиште се зафатени две куќи, но жителите претходно биле навремено евакуирани.
Во гаснењето се ангажирани екипи од Пробиштип, Доброволното противпожарно друштво Кочани и ТППЕ Кратово, но условите на теренот значително ја отежнуваат интервенцијата. Од терен е побарана и воздушна поддршка за спречување на понатамошно ширење на огнот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
