Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса

Украинскиот главен град Киев рано утрово бил цел на масовен руски напад со балистички ракети, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
Кличко на „Телеграм“ објави дека било погодено магацинско складиште во западниот дел на градот, а остатоци од соборени дронови паднале на спротивниот брег на реката Дњепар, каде избувнал пожар. Пожарот бил локализиран, а изгаснат бил и пожарот што настанал во уште едно погодено складиште во друг дел од Киев.
Истовремено, со руски дронови бил нападнат и вториот по големина украински град Харков. Градоначалникот Игор Терехов соопшти дека удари биле регистрирани во најмалку три градски населби.
И во Одеса била активирана воздушна тревога, по што биле слушнати експлозии, јавија локалните власти. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
МИА
Ново на Сител
-

Израел ги предупредил САД за наводен ирански план за убиство на Трамп
-

Франција: Од денеска уште девет департмани во црвена фаза на тревога поради горештините
-

Иранскиот ајатолах Хамнеи погребан по неколкудневна жалост
-

Сончево со мала облачност
-

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било
-

Голема победа на Силекс против Динамо Минск – Хасукиќ донесе триумф од 1:0
-

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно, ние ќе ја одржиме воздушната супериорност
-

Првиот човек на ИДФ, генерал Ејал Замир: Борбата против Иран не е завршена, ќе следат големи операции
