Loading Video...
Фудбал
29. August 2021 - 18:01
Силекс подобар од Вардар во дербито на „западот“
Дуелот на повеќекратните македонски шампиони Силекс и Врадар секако побудува внимание, иако за разлика од години наназат овојпат двата тима се натпреваруваат во второлигашката конкуренција.
Дербито од втората рунда во Втората лига – Запад, го добија Кратовци кои со 2-1 го победија Вардар.
Целата работа домаќините ја завршија во само шесесетина секунди откако во 24.минута Давид Манасиевски го постигна првиот гол, а веќе во следната 25-тата минута на ефектен начин Бурхан Алији зголеми на 2-0.
Голот за вардарци го постигна Дејан Блажевски од пенал во 73 мининута.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
