Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија

Силекс од Кратово и Шкендија од Тетово ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Натпреварот ќе се игра вечер со почеток во 20 часот на Национална арена „Тодор Проески“.
Тренерот на кратовци Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија.
– За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во мала предност поради европските натпревари што ги има одиграно. Но, ќе се обидеме да ги искористиме сите слабости што ќе ни се понудат. Која би била предноста на Силекс? Според мене, тоа е што Шкендија има одиграно 54 мечеви сезонава. Посакувам добро финале и нека победи подобриот, изјави Васоски.
Во таборот на Шкендија владее оптимизам пред финалето, а тренерот Јетон Беќири потенцира дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивирано.
– Мислам дека Шкендија по осум години е во финале на Купот и нормално ќе влеземе максимално во овој меч и како екипа која сака да се надигрува. Имаме почит кон Силекс кои последниве две години играат одлично. Лани до последно коло се бореа со нас за титулата. Нијанси ќе одлучуваат. Можеби имаме мала предност од нашето европско искуство, но во еден меч тоа ништо не значи бидејќи секогаш во овие мечеви одлучува еден момент. Ние ќе дадеме се од себе да победиме утре. Пред се сакам фер натпревар и да има коректно судење, па кој ќе е посреќен нека се радува на крај, истакна Беќири.
Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за ова финале. Главен судија ќе биде Игор Стојчевски, негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Вјолца Изеири. Четврти судија на финалниот натпревар ќе биде Бењамин Керими. Александар Грујоски е назначен за ВАР судија, а АВАР судија ќе биде Гоце Петрески.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
