-->
-->
Силекс дојде до нова победа и ја продлабочи кризата на Пелистер
-->

Екипата на Силекс постигна победа од 3:1 во единствениот денешен натпревар од 10.коло од Првата лига. Кратовчани со оваа победа се пробија на третата позиција на табелата со ист број бодови (21) со Вардар и Шкендија.
Пелистер со денешниот пораз ја продлабочи кризата и на последните седум натпревари нема победа и има освоено само еден бод.
Силекс поведе со двата гола на Дарко Додев во 19.минута и 54.минута, а Пелистер намали на 2:1 со погодокот на Стефан Спировски. Конечните 3:1 ги постави резервистот Миљан Говедарица во 87.минута.
Последниот натпревар од 10.коло се игра утре и воедно е дербито меѓу Шкендија Тетово и Вардар.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
