Loading Video...
Фудбал
2. November 2021 - 12:18

Силекс - Брегалница, Пелистер - Вардар во 1/4-финлалето на Купот на Македонија

Во ФФМ точо напладене беше извршена ждрепката за четвртфиналната фаза во фудбалскиот Куп на Македонија 
 
Бранителот на трофејот од минатата сезона, Силекс во Кратово ќе биде домаќин на штипска Брегалница. 
 
Интересно се очекува да биде во вечното дерби кое ќе се игра во Битола, каде Пелистер ќе го пречека Вардар.
 
Лидерот на првенствената табела Шкупи ќе гостува кај Македонија ЃП, а последниот четвртфинален пар го сочинуваат Шкендија и Струга ТЛ. 
 
Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија ќе се играат на 24 ноември (среда) со почеток од 13 часот.