Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција

Додека Европа доживува исклучително топло лето, Австралија истовремено известува за зима со рекордни високи температури, јави ДПА.
Сојузните држави Викторија, Нов Јужен Велс и Тасманија ја доживеаја својата најтопла зима откако се води евиденција во 1910 година, соопшти денеска националната метеоролошка служба (BoM).
Низ целата земја просечната температура беше за 1,45 степени над просекот од периодот 1961–1990 година – што е трета највисока измерена вредност за овој период од годината.
Во Сиднеј, на источниот брег, температурите често беа речиси пролетни. „Australian Guardian“ го цитираше климатологот од BoM, Сајмон Грејнџер, кој изјави дека просечната температура изнесувала пријатни 15,3 степени.
Претходниот рекорд од 15 степени беше поставен во 2013 година. Мелбурн и главниот град Канбера исто така регистрираа исклучително високи температури.
Според метеоролошкиот експерт, температурите над просекот веројатно ќе продолжат и во австралиската пролет, која сега почнува.
Се очекуваат необично високи дневни и ноќни температури во големи делови од земјата, рече Грејнџер. Климатскиот феномен Ел Нињо, кој се интензивира, игра улога во ова и се очекува да го достигне својот врв во доцна пролет или лето, рече тој.
Малите количества снег имаат последици и врз туризмот, па скијачките центри во Викторија и Нов Јужен Велс мораа предвреме да ја затворат оваа сезона.
МИА
Ново на Сител
-

Струмица ќе инвестира 30 милиони денари во нов озонатор за фабриката за вода
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
