Штрајк и протести во Грција по повод Денот на трудот

Со штрајкови и протести во Атина и други грчки градови, во Грција традиционални ќе се одбележи Денот на трудот, организирани од синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина.
Грција денеска е без бродски и железнички сообраќај, а проблеми ќе има и во јавниот превоз, со оглед на тоа што во Атина, метрото и трамвајот започнаа 24 часовен штрајк, автобусите и тролејбусите ќе сообраќаат од 9 до 21 часот, додека пак во Солун ќе сообраќаат само 50 автобуси.
Двата најголеми грчки синдикати, на вработените во јавниот и во приватниот сектор, денеска започнаа 24-часовен штрајк и претпладнево закажаа протест во Атина за, како што велат, да им оддадат почит на борбите на работниците во минатото и да порачаат дека денешните борби се за подобра иднина.
Преку штрајкот и протестите бараат поголеми права за работниците, повисоки плати, праведен даночен систем итн.
МИА
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
