Што смеете да јадете ако сте се отруле од храна

Труењето со храната никогаш не би смеело да се игнорира! Ако сте се отруле со храната, губите многу течности, затоа е важно тоа да се надомести, а доколку симптомите се сериозни задолжително посетете лекар.
За поблагите симптоми на труење со храна доволно е да се побара помош во некои природни препарати:
Ѓумбир
Ова е одличен лек за речиси сите проблеми со варењето. Чајот од ѓумбир можете да го испиете пред или по ручекот за да ги олесните проблемите, а другата опција е да изрендате мала лажичка ѓумбир, да ја измешате со мала лажичка мед, и таа комбинација да ја консумирате неколкупати на ден за да ги олесните симптомите.
Јаболков оцет
Освен што е речиси неизбежен додаток на некои јадења и одличен препарат за домаќинството, јаболковиот оцет ќе ви ги олесни симптомите на труењето со храната и тоа моментално. Измешајте две лажици оцет со топла вода и консумирајте ја напивката пред оброкот.
Јогурт
Јогуртот има антибактериски својства кои ќе ги смират симптомите предизвикани од труењето, покрај тоа ќе ги олеснат болките во стомакот.
Лимон
Антибактериските, антивирусните и противвоспалителните својства на овој производ сигурно ќе ви ја олеснат состојбата. Додадете неколку зрна шеќер на лажицата полна со лимонов сок три пати на ден за да ви помогне препаратот.
Босилек
Оваа билка е одлично средство за непријатностите кои ги предизвикува труењето со храната. Можете да си помогнете на неколку начини – ставете неколку капки масло од босилек во водата и консумирајте во текот на денот. Можете да ставите неколку иситнети ливчиња босилек во јогурт и да јадете три пати на ден додека болката на се смири.
Пијте многу вода
Возрасните треба да пијат од 8 до 16 чаши вода дневно, но во помали количини повеќепати за да се спречи дехидратација. Ќе знаете дека внесувате доволно вода кога ќе почнете да уринирате нормално, а бојата на урината од темна ќе премине во нормална.
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
