Македонија
31. August 2023 - 21:17

Што му фали на македонското образование

На прв час без учебници, без доволно компјутери и незадоволни наставници – вака ќе стартува новата учебна година. Шестодделенците ќе почекаат додека ги добијат учебниците, а материјалите за трето и петто одделение иако одобрени, се уште се печатат. 

И покрај ваквите предизвици кои станаа пракса секоја година, сепак Финансиите остануваат најголем проблем за Успешен старт на учебната година. Училиштата кои покрај немањето на наставен материјал, сами преку донации се снаоѓаат да успешно да го образовниот процес. 

Директорот на скопското основно учлилиште „Ѓорѓија Пулевски“, Маријан Јовановски за Сител вели дека иако се целосно подготвени за уште една учебна година старите проблеми остануваат. Подготвени биле и наставниците што од оваа година ќе треба да предаваат неколку предмети споени во еден. 

Опозицијата реагира дека одговорност за ваквата состојба треба да се бара во ресорниот министер и владата. Професорката Весна Јаневска од Комисијата за образование во ВМРО ДПМНЕ, оценува дека образовниот систем не е подготвен на за старт на новата учебна година.

Дополнителен проблем се и најавите на Независниот синдикат во образованието, дека поради непочитување на колективниот договор да се случи и штрајк. Од СОНК пак возвраќаат дека несериозно е без аргументи да се најавува запирање на настават. Претседателот Неделков во вели дека добиле понуда од владата од први октомври вработените во образованието да добијат 15 отсто зголемување на платите. 

Од оваа година предметите историја, географија и граѓанско образование во шестто одделение ќе се спојат како еден. Се уште не е јасно како учениците ќе добијат една оценка од сите споени часови.