Фудбал
29. October 2021 - 16:08
Шкупи ја декласира Брегалница со 5-0
Лидерот на првенствената табела, екипата на Шкупи забележа убедлива победа со 5-0 над штипска Брегалница.
Домаќините победата ја најавија уште во 8.минута со првиот голот на Цветаноски на мечот, а 20-минути подоцна Руватубаје зголеми на 2:0. додека Адетунџи во 40.минута беше стрелец на третиот гол.
Чаирчани не застанаа тука, напротив во вториот дел постигнаа уште два гола преку Цветаноски и ефектниот на Алварезза конечни 5-0.
Во исчекување на утрешните дуели на Академија Пандев на гости кај Струга, односно Ренова која му гостува на Скопје, тимот на Шкупи сега има 8 бодови повеќе од овие две екипи кои се на второто и третото место на табелата.
На останатите дуели закажани за утре од 14 часот ќе играат
БОРЕЦ - РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА - ТИКВЕШ
ПЕЛИСТЕР - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
