Шкупи: Го повлекуваме бројот 77, договорот на Лазаров во целост ќе му биде исплатен на семејството

Македонскиот прволигаш Шкупи објави денеска трајно го повлекува дресот со бројот 77 со кој сезонава настапуваше Андреј Лазаров, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ноќта на 16 март.
Воедно, Шкупи соопшти дека договорот за 29-годишниот Лазаров во целост ќе му биде исплатен на неговото семејство.
Лазаров минатата година му се приклучи на Шкупи од редовите на хрватскиот прволигаш Горица.
„ФК Шкупи донесе одлука да го повлече бројот 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот. Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи“, се наведува во клупското соопштение.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а 196 беа повредени.
Ново на Сител
-

ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
-

Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
