Loading Video...
Фудбал
25. April 2021 - 17:47
Шкендија ја осигура новата шампионска титула
Со петте натпревари што се одиграа попладнево комплетирано е 29.коло во ПМФЛ, по кое екипата на Шкеднија ја прославува новата шамионска титула
Екипата на Шкендија ја осигура шампионската титула. Тетовци со денешната победа над Борец со 3-1 имаат недостижни 13 бодови побеќе од второ пласираниот Шкупи, на четири кола до крајот на првенството, па тимот на Шкендија уште денеска може да ја прославува својата четврта шампионска титула.
Во борбата за местата кои носат пласман на европската сцена се одиграа два натпревари, во кои Шкупи со головите на Цветановски во 79-тата и Исени во 89.минута го победи Работнички со 2:0
Супер интересен меч одиграат Македонија Ѓ.П. и Струга Т.Л. во кој беа видени пет гола од кои четири во последните десетина минути, а гостите со пресврт слчавеа со 3:2.
Македонија поведе со 1-0 со голот од понал на Да сивла во 41.минута, резултат кој беше актуелен се до 86-минута кога судијата Александар Ставрев го досуди првиот пенал за гостите кој во изремнување на 1:1 го претворо Алтипермаковски.
Во 90-тата минута Босанчиќ и донесе предност на гостинската екипа, но во втората минута од судиското дополнение Алексоски израмни на 2:2.
И кога сите очекуваа крај на мечот нов пенал за гостите кој Алтипермаковски за да ги постави конечните Македонија ЃП – Струга ТЛ 2-3.
Комплетни резултати од 29.коло
Недела
ПЕЛИСТЕР - РЕНОВА 1 – 0
ВАРДАР - БЕЛАСИЦА 1 – 0
ШКЕНДИЈА - БОРЕЦ 3 – 1
ШКУПИ - РАБОТНИЧКИ 2 – 0
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П - СТРУГА Т.Л. 2 – 3
Сабота
СИЛЕКС - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3 – 2
ТАБЕЛА
1 ШКЕНДИЈА 68 бодови
2 ШКУПИ 55
3 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 48
4 СТРУГА ТЛ 47
5 РАБОТНИЧКИ 41
6 ПЕЛИСТЕР 38
7 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 34
8 БОРЕЦ 33
9 СИЛЕКС 32
10 РЕНОВА 31
11 ВАРДАР 31
12 БЕЛАСИЦА 17
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
